Свет 18. октомври 2018. / 10:01

Силен земјотрес повторно ја погоди Индонезија

Силен земјотрес повторно ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер го погоди синоќа индонезискиот остров Суматра, јавува Anadolu Agency.

Индонезискиот Завод за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) соопшти дека епицентарот е регистриран во покраината Аче, и тоа на длабочина на тлото од околу 10 километри.

Според првите информации, не се пријавени никакви губитоци, ниту е издадено предупредување за цунами.

Паралелно со тоа, локалните власти соопштија дека спасувачките екипи пронашле уште неколку тела на настраданите во земјотресот проследен со цунами кој кон крајот на минатиот месец предизвика голема катастрофа на островот Сулавеси.

Најмалку 2.091 лице загинаа во тој разорен земјотрес, а билансот на материјалната штета сѐ уште не е прецизиран.