Силен земјотрес со магнитуда од 5,7 степени по Рихтер го погоди најголемиот турски град, Истанбул, пренесува Ројтерс.
Епицентарот на потресот бил на 70 километри западно од градот, во Мермерното море.
Сѐ уште нема информации за евентуални штети и повредени.