Свет 09. јануари 2020. / 11:27

Силен земјотрес ја погоди Русија

Силен земјотрес ја погоди Русија

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтерова скала го погоди денеска рускиот далечен исток, во регионот Чукотка.

Засега нема податоци за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал 406 километри југозападно од Анадир, административниот центар на Чукотка, на длабочина од 10 километри под површината на земјата, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.