Свет 02. март 2019. / 14:15

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтер денеска го погоди јапонскиот остров Хокаидо, објави метеоролошката служба на Јапонија.

Според информациите, нема повредени, а не е пријавена никаква материјална штета.

Предупредувањето за цунами, исто така, не е издадено.