Свет 30. ноември 2018. / 19:59

Силен земјотрес ја погоди Алјаска, предупредување и за цунами

Силен земјотрес ја погоди Алјаска, предупредување и за цунами

Земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер го потресе Енкориџ, најголемиот град во американската сојузна држава Алјаска.

Сеизмичката служба на САД објави дека епицентарот на земјотресот, кој ја погодил Алјаска во утринските часови по локално време, бил околу 12 километри северно од Енкориџ.

Од земјотресот се треселе зградите, а луѓето побегнале од своите станови и канцеларии, објави „Асошиетед прес“.

Набргу потоа било издадено и предупредување за можност од цунами во крајбрежните области на јужниот дел на Алјаска.