Свет 25. ноември 2018. / 20:00

Силен земјотрес го погоди западниот дел на Иран

Силен земјотрес го погоди западниот дел на Иран

Силен земјотрес, со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Иран, недалеку од границата со Ирак, соопшти Геолошкиот топографски институт на САД.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од само 1,5 километар, поради што има стравувања дека се можни сериозни материјални штети. Земјотресот е почувствуван во главниот град на Ирак, Багдад.

Во ноември 2017 година, оваа област беше погодена од земјотрес, во кој загинаа повеќе од 400 лица.