Свет 23. јули 2020. / 10:13

Силен земјотрес го погоди Тибет

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди автономниот кинески регион Тибет.

Центарот за земјотреси во Кина соопшти дека епицентарот бил во округот Нима.

Земјотресот е регистриран на длабочина од десет километри, а според првите информации нема починати.