Французинката Мери Лагер се движела низ улицата, додека позади неа се појавило момче што ѝ дофрлувало навредливи коментари.
Мери Лагер е и нападната, а како шти пишува ВВС, Франција е шокирана од инцидентот што се случил во Париз.
Лагер има 22 години и таа за француското радио раскажала што се случило тој ден.
Рекла дека минатиот вторник кога се враќала од работа, околу 19ч, некое момче почнало да ѝ дофрла.
„Тоа не беше прв пат, ниту тој ден, а ниту тој месец. Сето тоа полека сè таложеше во мене. Се налутив и му реков да си ја затвори устата“, раскажала.
Тогаш момчето станало агресивно и ѝ фрлило пепелник, а за малку не ја удрило. Сето ова се случувало на балконот од некое кафуле, а безбедносните камери сè снимиле, а потоа тие снимки биле и објавени.
Откако ѝ го фрлил пепелникот, ѝ се доближил и ја удрил.
„Знаев дека ќе ме удри. Можев да побегнам, но тоа не доаѓаше предвид. Не сакав да го спуштам погледот и сигурно не сакав да се извинам“, додала Лагер. Момчето ја удрило на лицето и продолжило да вика по неа.
Тогаш гостите во кафулето виделе што се случува и му се развикале на момчето, па потоа тргнале по него кога почнал да бега.
Девојката паднала и одлучила да си оди дома, но потоа се предомислила. Се вратила во кафулето и побарала од гостите да бидат сведоци во полиција, бидејќи одлучила да го пријави случајот.
Гостите прифатиле, а од кафулето ѝ ја дале снимката од нападот.
Лагер на својот Фејсбук профил објавила дека е тешко да се спротиставиш на насилство, но бидејќи ова ги засега сите жени, време е да се каже „стоп“.
„Не можам да молчам, и не смееме да молчиме“, рекла таа.
Поради овој случај, следуваат промени во казнувањето на уличното насилство кое е во вид на малтретирања и дофрлувања, јавува ВВС.