Свет 12. октомври 2018. / 20:34

Шестмина Палестинци се убиени за време на протест во појасот Газа

Шестмина Палестинци се убиени за време на протест во појасот Газа

Израелската војска денеска уби шестмина Палестинци за време на демонстрации на границата на Појасот Газа и Израел, додека околу 50 се ранети, соопшти Регионалното Министерство за здравство на Газа.

На протестот учествувале околу 14 илјади Палестинци, кои фрлале експлозивни направи и палеле гуми, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Израелската војска возвратила со солзавец и огнено оружје.

Хамас, кој го контролира Појасот Газа, од март организира протести секој петок на границата со Израел, со цел да изврши притисок и да доведе до укинување на израелско-египетската блокада воведена во 2007 година, кога Хамас насилно ја презема Газа.

Од март до денеска на тие протести се убиени најмалку 150 Палестинци.