Свет 20. февруари 2020. / 09:33

Седуммина повредени при слетување на авион во Русија

Седуммина повредени при слетување на авион во Русија

Седум луѓе се повредени кога авион „Ан-2“ удри во земја за време на слетување во Магадан, на рускиот далечен исток, изјави портпарол на руското Министерство за вонредни ситуации.

Во авионот имало 12 патници и двајца членови на екипажот. Според првичните податоци, седум лица се повредени – нагласи портпаролот.

Локалната Влада соопшти дека повредените биле пренесени во болница со полесни повреди, освен едно лице кое е во критична состојба.

Според првичните информации, авионот е во сопственост на приватна компанија и удрил во земја од 10 метри висина. Со него се превезувале вработени во компанијата.

За инцидентот е поведена истрага и се претпоставува дека е предизвикана од пилотска грешка.