Свет 26. декември 2019. / 10:10

Седум мигранти се удавиле во Турција откако им се превртел брод

Седум мигранти се удавиле во Турција откако им се превртел брод

Најмалку седум луѓеа загинале откако мал брод со мигранти од Пакистан, Бангладеш и Авганистан се превртел и потонал во езерото Ван, во источна Турција.

Според канцеларијата на гувернерот на турската провинција Битлис, спасени се 64 лица.

Бротчето потонало додека се приближувало кон северниот брег на езерото. Несреќата се случила три часа по полноќ по локално време.

Од седумте загинати мигранти, двајца починале во болница. Спасените мигранти се пренесени во болница.