Свет 10. септември 2018. / 12:27

Седум лица повредени со нож во Париз

Седум лица повредени со нож во Париз

Седум лица се повредени, од кои четворица потешко, во синоќешниот напад со нож во Париз.

Напаѓачот е приведен, а како што пренесува Би-Би-Си, повикувајќи се на полициски извори, станува збор за маж по потекло од Авганистан. Изворот пренел дека во оваа фаза од истрагата нема показатели дека се работи за тероризам.