Свет 09. ноември 2019. / 17:34

Се преврте автобус на автопат во Германија, настрадани над 30 лица

Се преврте автобус на автопат во Германија, настрадани над 30 лица

Туристички автобус од Полска денеска излета од автопат во Германија и се преврте, при што настрадаа 32 лица.

Инцидентот се случил во раните утрински часови на автопат во близина на градот Хамбург.

Во автобусот се наоѓале вкупно 48 луѓе, а засега не е позната причината за несреќата, објавија германските медиуми.