Свет 12. јануари 2020. / 16:30

Се активираше вулкан, летовите прекинати

Се активираше вулкан, летовите прекинати

Филипинската аеродромска управа  во Ниној Акино денеска  ги прекина сите летови од меѓународниот аеродром. Суспензијата на летовите дојде откако мал вулкан  во блиската провинција Батангас започна да фрла големи количини пепел. Вулканот Таал избувна пепел околу еден километар, со  ситни земјотреси, што укажува на можна ерупција, пренесува Ројтерс.

„Летовите на аеродромот во Ниној Акино се привремено прекинати поради исфрлање на пепел од вулкани“, напишаа властите на аеродромите на Твитер, додавајќи дека на патниците им било советувано да соработуваат со авиокомпаниите за распоредите на летот.

Поради активност на вулканот, евакуирани се жители на околните села, а засега нема информации за повредени или туристи пронајдени во погодените села.

Поради изобилството на пепел,  властите  ги советуваат жителите да носат маски, а јавноста е предупредена да остане подалеку од малиот остров, пренесува АП.

Таал, еден од најмалите вулкани во светот,  меѓу  дваесетина активни вулкани на Филипините, на таканаречениот пацифички „огнен прстен“, сеизмички активен регион склон кон земјотреси и вулкански ерупции.