Свет 11. јуни 2019. / 17:10

САД ќе воведат санкции на Турција!

САД ќе воведат санкции на Турција!

Претставничкиот дом на Конгресот на САД одобри едногласно резолуција во која се содржи повик за целосно воведување санкции спрема Турција ако Анкара увезе ПВ системи С-400.Во резолуцијата одобрена синоќа, се упатува повик кон американскиот претседател Доналд Трамп да воведе санкции согласно закон ако турската влада не укине одлука за купување на руските ПВ-системи С-400.

Конгресмените сметаат дека таа одлука на турските власти „претставува закана за американско-турските односи и го поткопува НАТО“. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека не е исклучено државата да се откаже од договорот со Москва.