Свет 15. април 2018. / 19:18

САД ќе им воведе нови санкции на Русија!

САД ќе им воведе нови санкции на Русија!

САД подготвува нови санкции за Русија поради постојаната поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад, рече американската амбасадорка при Он, Ники Хејли.

Таа за CBS рече дека американскиот министер за финансии Стивен Мнучин ќе ги објави санкциите во понеделник, пренесе Ројтерс.

Тие санкции, како што појасни таа, ќе ги погодат директно сите компании кои соработуваат со сириските власти.