Свет 01. јануари 2020. / 14:00

САД испраќаат 750 војници на Блискиот исток по протестите пред Амбасадата во Багдад

САД испраќаат 750 војници на Блискиот исток по протестите пред Амбасадата во Багдад

САД веднаш ќе испратат на Блискиот исток околу 750 војници како одговор на насилните протести пред американската Амбасада во Багдад. Тоа го изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

Во соопштение тој наведува дека одобрил испраќање пешадиски батаљон од 82. воздухопловна дивизија каде се Силите за брза реакција. Тој прецизира дека дополнителните трупи од Силите за брза реакција ќе бидат ангажирани во следните денови.