САД, како и Русија, сакаат да склучат договор за контрола на вооружувањето, но и да ја привлечат и Кина кон тој договор сега или во некоја подоцнежна етапа, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, цитиран од британските медиуми.
–Треба да кажам, Русија сака да склучиме договор за контрола на вооружувањето…Русија многу сака да постигнеме договор за контрола на нуклеарното оружје – изјави Трамп, кој е во Лондон, каде учествува на јубилејниот самит на НАТО.
Toj додаде дека сигурно во договорот ќе ја вклучат и Кина.
–Можеме да ја вклучиме подоцна, а можеме и сега – дополни американскиот претседател.