Свет 02. ноември 2018. / 18:09

САД ги тргнаа санкциите за двајца турски министри, Анкара воведе слична мерка

САД ги тргнаа санкциите за двајца турски министри, Анкара воведе слична мерка

САД ги укинаа санкциите против двајца турски министри, соопшти денеска американското Министерство за финансии.

САД воведоа санкции за турскиот министер за правда Абдулахит Ѓул и за министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, во август, поради апсењето на американскиот пастор Ендрју Бренсон во Турција.

Бренсон беше ослободен во октомври и се врати во САД.

– Турција исто така ги укина санкциите кон американскиот министер за внатрешна безбедност Кирстен Нилсен и министерот за правда Џеф Сешнс како реципрочна мерка- соопшти турското Министерство за надворешни работи.