Најмоќните светски сили ја осудија одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, познатиот симбол на Истанбул, музејот на соживот – црквата Света Софија да ја претвори во џамија во која верниците ќе ги практикуваат своите верски обреди.
Разочараност за декретот на Ердоган изразија високи претставници од Европската Унија , САД, како и од Руската православна црква..
Наспроти ова, вчера во Истанбул пред Света Софија се собраа група на верници кои изразија воодушевеност од одлуката на турскиот претседател и судот.
Во синоќешното обраќање Ердоган кажа дека речиси 1.500 години старата исторска градба, досега под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство, ќе остане отворена за сите, но додаде дека Турција има суверено право да го смени статусот на Света Софија во џамија и дека критиките кои ѝ пристигнуваат поради тоа ќе ги толкува како напад врз својата независност.
“ По завршувањето на подготовките многу бргу, планираме да ја отвориме Аја Софија за молитви почнувајќи од 24 јули 2020 година во петок, со петочните молитви. Секако, ги поздравуваме сите идеи на меѓународната заедница за ова прашање. Сепак, прашањето за одлучување на целта на Аја Софија е за суверените права на Турција. Како и сите наши џамии, вратите на Аја Софија ќе бидат отворени за сите локални жители странци муслимани или не муслимани.”, рече Ердоган.
Света Софија е омилена туристичка дестинација, само минатата година ја посетиле над 3.8 милиони луѓе. Одлуката за нејзино претворање во џамија е донесена без претходен дијалог со УНЕСКО.
Владиката Петар смета дека Света Софија треба да остане музеј, а според него најправедно би било таа да биде вратена во сопственост на Вселенската патријаршија.
“ Оваа одлука ќе предизвика голем револт и негодување кај сите не само православни и другите христијански вероисповеди заедници кои постојат во Светот. Очiгледно декa на некој начин доаѓа до израз сепак доминацијата на исламот во одделни земји каде што мнозинска религија е исламот, во Турција очигледно дека најголемиот број на жителите се мусмилани и најверојатно доминацијата сака да биде присутна и на овој начин, но не само во Турција туку и пошироко во Свтот бидејчи Св,. Софија е најголемата и најзначајната црква во православнито свет”, смета Владика Петар.
Света Софија беше најголемата христијанска црква, изградена во шести век од Византијците, а во џамија била претворена по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година. Статусот од верски објект во музеј е променет со указ во 1943 година од тогашниот турски претседател Мустафа Кемал Ататурк, таткото на модерна и секуларна Турција.