Поради набавката на рускиот против-воздушен систем С-400, неколку американски сенатори и конгресмени, бараат Турција да биде осудена на Самитот на НАТО во Брисел.
Според извештајот на ПЕНТАГОН, рускиот против-воздушен систем е некомпатибилен со технологијата на НАТО, плус тоа самиот чин на купување претставува еден вид предавство на алијансата и нејзините принципи за солидарност со останатите членки.
Засега нема реакција од офицјлана Анкара на ваквите прозивки од Вашингтон.