Руската Комунистичка партија го поддржа предлогот за вметнување на Господ во текстот на Уставот, што претставува дистанцирање од поранешната позиција дека „религијата е опиум за масите“.
„Раша Тудеј“ (РТ) оценува дека Комунистичката партија минала долг пат од Октомвриската револуција и пропагирањето државен атеизам, до актуелниот претседател на партијата Генадиј Зјуганов кој верува дека корените на комунизмот се во христијантсвото.
– Пронајдов крилатица на комунизмот додека ја проучував Библијата – оној кој не работи – не јаде. Тоа на многу начини е морален код на христијантството што одговара на комунизмот – вели Зјуганов.
За тоа дали Господ ќе биде ставен во рускиот Устав ќе биде одлучено на национално гласање на 22 април 2020 година, на 150-годишнината од раѓањето на Ленин.