Свет 08. февруари 2020. / 13:54

Русија „во клинч“ со САД околу Венецуела: Американските санкции кон Каракас се неприфатливи

Русија „во клинч“ со САД околу Венецуела: Американските санкции кон Каракас се неприфатливи

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров ги осуди како неприприфатливи американските санкции кон Венецуела, во момент кога САД го засилуваат притисокот врз оваа јужноамериканска држава.

Лавров допатува во Каракас во знак на поддршка на претседателот Николас Мадуро, само неколку часа откако американскиот Стејт департмент најави дека санкциите можат да ги погодат и руските компании, кои како помош на Венецуела, купуваат големи количества нејзина нафта.

Британските медиуми наведуваат дека помошта на Русија може да биде одлучувачка да му помогне на Мадуро да го зголеми производството на нафта и да го засили економскиот раст во земјата, до што изненадувачки дојде минатата година по години на хиперинфлација и егзодус на пет милиони лица од земјата.

Сметаме дека санкциите се неприфатливи. Недозволиво е тоа што едностраните акции на САД ги погодуваат социјалните и хуманитарните проекти – изјави Лавров по средбата со шефот на дипломатијата Хорхе Ареака и други функционери на Венецуела.

Лавровги поддржа владините напори со дијалог да се реши кризата, како алтернатива на „бунтот и интервенциите“.