Министерството за надворешни работи на Русија е подготвено да ги укине визите во одредени категории за турските државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството споделени се информации за посета на рускиот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, кој на 13 и 14 август би требало да присуствува на 10. Конференција на амбасадори во Анкара.
Истакнато е дека на сите нивоа на власта на двете земји, особено на претседателското, се водат односи засновани на меѓусебна доверба.
„Контактите на разузнавачките служби на двете земји, министерствата за одбрана, како и на Лавров и министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, играат важна улога во заштитата на примирјето во Сирија и процесот на постигнување решение на кризата во земјата“, се истакнува во соопштението.
Чавушоглу и Лавров во текот на средбата во Турција би требало да разговараат за главните прашања кои се однесуваат на решавањето на сириската криза, како и за последните случувања на Блискиот Исток, северот на Африка, Кавказ, Украина и подрачјето околу Црното Море.
Предвидено е да се разговара за економските односи помеѓу Турција и Русија.
„Со големо воодушевување го поздравуваме порастот на обемот на трговската размена помеѓу нашите земји. Во текот на средбата ќе биде разговарано и за стратешките проекти како што се нуклеарната електрана „Акују“ и Турскиот тек. Москва потврдува дека е подготвена на укинување на визите во одредени категории за турските државјани“, се наведува во соопштението.