Русија е подготвена да потпише нов договор за испорака на ракетни системи за противвоздушна одбрана С-400 на Анкара, доколку Турција изрази таква желба.
Тие имаат таква опција и ние ќе склучиме договор доколку изразат желба – изјави рускиот вицепремиер Јуриј Борисов.
Во септември 2017 година, Русија соопшти дека потпишала договор со Турција во вредност од 2,5 милијарди американски долари за испорака на противвоздушни ракетни системи С-400 на Анкара.
Турција е првата членка на НАТО што набавува вакви системи од Русија, а испораката на С-400 до Анкара почна на 12 јули 2019 година.
Сепак, одлуката на Турција за набавка на руски ракетни системи земја-воздух С-400 наиде на остри негативни реакции од САД и НАТО.