Свет 11. август 2018. / 22:38

Романија: Стотици илјади се судрија со полицијата против левичарската корумпирана влада (ВИДЕО+ФОТО)

Романија: Стотици илјади се судрија со полицијата против левичарската корумпирана влада (ВИДЕО+ФОТО)

Властите на Романија соопштија дека 200 лица се повредени меѓу кои 24 полицајци во конфликтите кои избија меѓу демонстрантите и полицијата.

Конфликтите избија во Букурешт за време на протестите на илјадници Романци кои живеат во странство и не се задоволни од работата на левичарската влада.

Романската национална телевизија пренесе дека над 100.000 луѓе присуствувале на протестот, пренесе АП.

Службата за вонредни ситуации изјави дека околу 200 од повредените, од кои десетици се полицајци, биле задржани во болница.

Некои учесници во протестот се обиделе да го пробијат полицискиот кордон наместен околу владините објекти, пренесува Вашингтон пост, а полицијата во текот на вечерата на неколку наврати користела и воден топ.

Романскиот претседател Клаус Јоханис, критичар на владата, изјави дека „остро ја осудува бруталната интервенција на полицијата за нереди”, додавајќи дека е „непропорционален одговор на протести кои се претежно мирни”.

 

Романците кои живеат во странство во петокот излегоа на протест против левичарската влада во Букурешт барајќи нејзина оставка и залагајќи се за предвремени избори. Припадниците на романската дијаспора кои дошле во Букурешт за да присуствуваат на демонстрациите се лути поради начинот како се управува со Романија, особено корупцијата на владиниот кабинет.

Околу три милиони Романци живеат во странство и велат дека ја напуштиле државата поради корупција, малите плати и недостаток на можности.

Романија се рангира како една од најкорумпираните земји во Европската унија и Брисел го држи романскиот правен систем под посебен надзор.

Илјадници луѓе протестираа и во другите романски градови.