Свет 29. јули 2019. / 11:05

Романија: Осомничениот го призна убиството на двете девојки

Романија: Осомничениот го призна убиството на двете девојки

Адвокатот на осомничениот за убиството на две тинејџерки во Романија, Георге Динка, соопшти дека тој ги признал злосторствата.

ој ги призна сите факти – рече адвокатот, a објави Ројтерс.

Динка (65) првично одбивал да одговора на било какви прашања, но на крајот ги признал убиствата на Александра, која исчезнала во средата и 19-годишната Луиза, исчезната од април.

Убиството на Александра ја разбесни романската јавност, бидејќи официјалните податоци покажале дека полицијата имала проблеми со лоцирањето на девојката која ги повикала службите за итни случаи и кажала дека е киднапирана.

Во четвртокот наутро, девојката успеала трипати да го повика бројот за итни случаи 112 и да ѝ даде информации на полицијата за местото каде што ја држел возачот на автомобилот кој ја грабнал, откако таа стопирала со цел да се врати во Доброславени во јужна Романија.

Полицијата, исто така, барала непотребни налози за претрес, и по 19 часа ја пронашле куќата на Динка. Во градината на куќата биле пронајдени човечки остатоци и накит кој ѝ припаѓал на Александра.

Повеќе од илјада Романци во саботата протестираа против владата поради начинот на кој се постапувало во случајот.

Романскиот министер за внатрешни работи го отпуштил шефот на полицијата по убиството на тинејџерката чиишто неколку повици до службите за итни случаи со часови биле игнорирани.

Нејзиното семејство тврди дека властите не ги сфатиле сериозно нејзините повици, додека полицијата вели дека имале проблеми да ја најдат.