Свет 18. август 2019. / 18:03

Романија: Доброволно се пријавил во психијатриска болница, па внатре убил четири пациенти

Романија: Доброволно се пријавил во психијатриска болница, па внатре убил четири пациенти

По три дена откако доброволно се пријавил во психијатриска установа во романската општина Сапока, пациент уби четворица други пациенти со држач за инфузија.

До крвавиот напад дошто утрото околу три часот по полноќ, откако пациентот (38) со метален држач за инфузија го нападнал својот цимер, а потоа влегол во женското одделение, каде со истиот тој држач почнал да ги удира пациентките.

Напаѓачот, кој во оваа болница се пријавил по своја волја, е приведен од страна на полицијата, а во моментот на апсењето во рацете имал дел од држачот за инфузија со кој ги убил четворицата пациенти на возраст од над 60 години.