Турските власти имаат снимка која укажува дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, изјавил турски безбедносен извор.
„Турската полиција има аудиоснимка која укажува дека Кашоги е убиен во саудискиот конзулат“, рекол неименуваниот извор за новинската агенција „Ројтерс“ не наведувајќи други детали.
Заеднички саудиско-турски тим, претходно, денеска, влезе во саудискиот конзулат во Истанбул за претрес во објектот, речиси две седмици по исчезнувањето на саудискиот новинар.
Саудиска Арабија негира дека стои зад убиството на Кашоги, кој пак ја критикуваше саудиската политика.