Свет 14. март 2020. / 10:23

Родилка во тешка состојба во Лондон: И нејзиното новороденче заразено со корона вирус

Родилка во тешка состојба во Лондон: И нејзиното новороденче заразено со корона вирус

Тукушто родено бебе во Лондон, Велика Британија е најмладoто лице заразено од корона вирус. Во исклучително тешка состојба е неговата мајка, пренесуваат британските медиуми.

Бремената жена била донесена во болница во Лондон со тешко запаление на белите дробови, каде се породила. Веднаш е направен тест за корона вирус и двата биле позитивни. Докторите не знаат дали бебето се заразило додека било во утробата на мајката или откако е родено.

Во Велика Британија бројот на заразени порасна само за еден ден за повеќе од 200. Моментално има 800 пациенти заболени од Ковид-19, а досега починале 11.