Свет 08. јуни 2018. / 16:21

Роби Вилијамс евакуиран од опожарениот хотел во Лондон (ВИДЕО)

Роби Вилијамс евакуиран од опожарениот хотел во Лондон (ВИДЕО)

Вкупно 36 гости и 250 лица беа евакуирани откако избувна пожар во „Mandarin Oriental“ хотелот со 5 ѕвезди во Лондон.

Меѓу нив беа познатиот пејач Роби Вилијамс и неговата сопруга Ида Филд.

За време на евакуацијата, тие беа снимени од неколку фанови.

Вилијамс престојуваше во хотелот пред да учествува на хуманитарен фудбалски натпревар организиран од УНИЦЕФ.

За среќа, немаше настрадани од несреќата, а причините за пожарот се уште не се утврдени.