Во Германија, во третиот квартал, беа изработени 15,64 милијарди часа – ниво кое никогаш не било достигнато. Продуктивноста сепак не е во чекор со порастот на обемот на работа, предупреди истражувачкиот институт во Федералната агенција за вработување, цитирана од светските агенции.
Според агенцијата, обемот на работа е зголемен за 0,3% во однос на вториот квартал. Сепак, производителноста на еден час се намали за 0,4% во споредба со третиот квартал од 2017-та година.
– Со демографската контракција еден макроекономски бизнис модел базиран на вработување, веќе нема да функционира. – вели експертот на Енцо Вебер.
– Најдоцна тогаш во однос на работната рака треба да се заложиме на класата, наместо на масата. – вели тој.
Бројот на вработени лица се зголеми за 1,3% на годишна основа, достигнувајќи рекорд од над 45 милиони луѓе.