Свет 09. септември 2018. / 22:14

Расте бројот на загинати во земјотресот во Јапонија

Расте бројот на загинати во земјотресот во Јапонија

Бројот на лица загинати во земјотресот кој го погоди јапонскиот остров Хокаидо се зголеми на 39 лица, јавија денеска јапонските власти.

Службите за итни случаи продолжуваат да се обидуваат да обезбедат воздушен и копнен сообраќај, како и снабдување со вода и електрична енергија, откако островот на 6 септември го погоди силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала.

За време на земјотресот имаше и лизагње на земјиштето при што стотици куќи беа уништени. Пред земјотресот, пак, земјата беше на удар на најсилниот тајфун во последниве 25 години.