Раперот Кевин Фрет починал вчера на 25 години во раните утрински часови во Порторико. На него, од засега непознати причини, било пукано додека се возел на мотор по Сан Хуан.
Фрет починал во болницата Рио Пидарес, а полицијата се уште го истражува неговото убиство. “Guardian” пренесува дека пејачот е застрелан дури осум пати. Ова е второ убиство од почетокот на годината во Порторико.
Кевин инаку отворено се декларирал како геј.