Свет 06. мај 2020. / 11:35

Ракетен напад пријавен во близина на аеродромот во Багдад

Ракетен напад пријавен во близина на аеродромот во Багдад

Три ракети „Каќуша“ експлодирале во близина на воениот сектор на аеродромот во Багдад рано во средата, но не предизвикале жртви, соопшти ирачката армија.

Нападот се случил неколку часа пред собраниската седница на која ќе се гласа за предложената влада на последниот мандатар за премиер, Мустафа ал Кадими, пишува Вашингтон пост.

Ниту една група не ја презеде одговорноста. Сепак, нападите доаѓаат и откако голем број нафтени полиња во Ирак беа погодени од ракети.

За ваквите напади во минатото, од кои три во месец март директно беа насочени кон американските бази, САД ги обвинија милициите поддржани од Иран.