Рускиот претседател Владимир Путин и порача на германската канцеларка Ангела Меркел дека сите обиди за мешање во внатрешните работи на Белорусија се неприфатливи, објави Кремлин.
Секој таков обид ќе доведе до ескалација на политичката криза во Белорусија, рече Путин во телефонскиот разговор со Меркел се вели во соопштението.
Денеска, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, им додели одликувања на припадниците на полицијата кои учествуваа во акцијата против демонстрантите кои во претходните десет дена побараа оставка.