Две лица се повредени во пукање во центарот на Брисел, а полицијата трага по сторителите.
Инцидентот се случил покрај еден од баровите на популарната улица Кроа де Фер, која е неколку минути оддалечена од Кралскиот двор, Музејот на ликовни уметности и Претставничкиот дом.

“Двајца луѓе се повредени и моментално се наоѓаат во болница. Напаѓачите за кои се сомнева дека биле пет или шест лица побегнале со автомобил. Истрагата е во тек, се бараат осомничените”, изјавил претставникот на полицијата Илсе Ван Кер.
Инаку, оваа недела е Светскиот ден без автомобили во Брисел, а единствените возила кои се дозволени на улиците се возилата кои им припаѓаат на итните служби.
Според зборовите на претставници од полицијата, прерано е да се зборува за мотивите на нападот.