Свет 12. декември 2019. / 23:29

Први резултати од излезните анкети во Велика Британија: Конзервативците имаат мнозинство

Први резултати од излезните анкети во Велика Британија: Конзервативците имаат мнозинство

Гласањето на општите избори во Велика Британија заврши. Гласачките места се затворени во 22 часот по локално време.

Според првите резултати од излезните анкети, конзервативците го освоија мнозинството.

Според БиБиСи, партијата на Борис Џонсон ќе има 368 места и Лабуристичката партија на Џереми Корбин 191 место.

Во Британија има 46 милиони гласачи и тие одлучуваа кој ќе влезе во долниот дом на парламентот, кој има 650 места.