Свет 14. јануари 2021. / 10:47

Протести во Брисел – запалена полициска станица, уапсени 70 лица

Протести во Брисел – запалена полициска станица, уапсени 70 лица

Во Брисел избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата за време на протест за смртта на млад човек од африканско потекло, кој починал во полициски притвор.

Запалена е полициска станица и уапсени се повеќе од 70 демонстранти.

По мирните протести, синоќа избувнаа немири во белгиската престолнина кога група демонстранти ја гаѓаа полицијата со разни предмети и петарди, кои со водени топови ги растераа.

Според локалните власти, биле уапсени меѓу 70 и 80 демонстранти.

Видеа од немирите се објавени на социјалните мрежи. Едно од нив покажува дека демонстрантите со камења удираат и во возилото на белгискиот крал Филип, но засега не е познато дали тој бил во автомобилот.

Протестот се случи откако момче по име Ибрахим починало во полициски притвор. Тој наводно се обидел да избега додека полицијата легитимирала група луѓе затоа што не се придржувале до мерките воведени поради епидемијата на коронавирусот.

Како што објави АФП, повикувајќи се на обвинителството во Брисел, покрената е истрага за околностите на смртта на младиот човек.