Додека лидерите на Западен Балкан разговараат во седиштето на Ангела Меркел, пред Бундестагот протестираат десетици Албанци против „боснијанизација“ на Косово.
Демонстрантите носеа пароли со кои пораќуваат дека се против промена на границите на Косово, но истовремено држеа знамиња на Голема Албанија.
Упатија пораки против размена на територии или кое и да е друго решение со кое би се намалила територијата на Косово.
Ианку, пред денешниот собит во Берлин, претседателот на Косово Хашим Тачи рече дека бара Прешевксата долина да се припои кон Косово.