Илјадници Шпанци се собраа денеска на протест во Мадрид на повик на десничарските партии со барање социјалистичкиот премиер Педро Санчез да поднесе оставка.
Протестите ги организираше конзервативната опозициска партија „Народна партија и Граѓани“, а г и подржа и крајно десничарската партија Вокс, сметајќи дека Санчез мора да отстапи бидејќи преговара со каталонските сепаратисти, јавува „АП“.
Владата на Санчес во петокот ги прекина преговорите со каталонските сепаратисти, бидејќи тие како што соопшти потпретседателката на владата Кармен Калво, не отстапуваат од своето барање да се одржи референдум за независност на Каталонија.
Политичката ситуација во Шпанија стана крајно чувствителна со приближувањето на почетокот на судењето, во вторник, на 12 каталонски лидери, меѓу останатото обвинети и за побуна поради своето учество во неуспешниот обид за осамостојување на Каталонија во 2017 година.