Повеќе десетина членови на здружението на француските бездомници се собраа денеска на протест пред Нотр Дам, барајќи најсиромашните Французи да не бидат заборавени.
Околу 50 луѓе од здружението на француските бездомници носеа плакати со натписот „Милијарда за 24 часа“.
Како што наведува „АП“, тие извикувале пароли упатени кон милијардерот Бернар Арно, кој минатата недела донирал 200 милиони евра.
Поедини учесници на протестот извикувале: „На Нотр Дам му е потребен кров и на нас ни е потребен кров“.
Полицијата во Париз го надгледувала мирниот протест, но не интервенирала.