Професорка по руски јазик и литература во средно училиште во Екатеринбург претрпела тешки телесни повреди откако била нападната од ученик кој, наводно, бил незадоволен од својот успех на полугодие.
Средношколецот, ја начекал професорката кај гаражата и почнал да ја удира со чекан и да ја прободува со нож. Се претпоставува дека мотивот бил гнев, што не му ставила подобра оценка на крајот на полугодието.
За среќа, нападот го видел професорот по физичко образование, кој некако го совладал разбеснетиот ученик, кој ја удирал професорката со чекан. Таа била итно пренесена во болница.
Полицијата спроведе истрага и сите мотиви за ова бизарно злосторство ќе бидат утврдени по истрагата.