Свет 05. јули 2018. / 17:03

Продолжени санкциите на ЕУ против Русија за шест месеци

Продолжени санкциите на ЕУ против Русија за шест месеци

Советот на ЕУ денеска изгласа шестмесечно продолжување на санкциите против Русија, до 31 јануари 2019 година.

Одлуката доаѓа по брифинг на канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон на последниот ЕУ самит за состојбата со имплементација на Договорот од Минск.

Санкциите на ЕУ таргетираат неколку специфични сектори на руската економија, како финансиите, енергијата и одбраната и првпат беа изгласани како одговор на руската вмешаност во украинскиот конфликт.

Одлуката денеска е усвоена едногласно од сите земји членки на ЕУ.