Свет 25. октомври 2019. / 15:02

Приведени маж и жена заради убиство на 39-те кинески мигранти во камионот на смртта

Приведени маж и жена заради убиство на 39-те кинески мигранти во камионот на смртта

Уште две лица се уапсени заради смртта на39 лица пронајдени во ками-ладилник во Есекс.

Маж и жена, стари 38 години од Варингтон, уапсени се под сомнение дека се виновни за убиство и заговор за криумчарење луѓе, соопшти полицијата.

На детективите им се дадени дополнителни 24 часа да го испрашаат Моа Робинсон, 25 годишниот возач на камион кој е задржан по стравичното откритие во задниот дел од ладилникот на индустрискиот имот близу местото Грејс.

Полицијата утврди дека сите жртви биле кинески државјани, но се уште не се идентификувани. Во тек се нивните аутопсии.