Свет 09. јули 2018. / 17:25

Пред средбата со Путин, Трамп во официјална посета на Лондон

Пред средбата со Путин, Трамп во официјална посета на Лондон

Доналд Трамп ќе пристигне во Велика Британија кон крајот на оваа недела.

Премиерката Тереза Меј ќе мора да соочи со неизбежниот факт – поради брегзит, Велика Британија никогаш досега не била толку зависна од партнерството со најнепредвидливиот американски претседател во модерната историја.

Првата претседателска посета на Трамп во Велика Британија, која ќе се случи помеѓу НАТО самитот и состанокот во Путин, доаѓа во еден од најважните моменти за западот, уште од падот на Советскиот сојуз во 1991 година.

На Вашингтон сега не му е потребен толку Лондон, но Лондон е позависен од Вашингтон отколку пред Брегзит.

Ова ја доведува Тереза Меј во незавидна положба, во однос на тоа дека сака да ги зајакне трговските врски со САД, за да го надополни излегувањето на Британија од ЕУ, кое треба да се случи на 29 март 2019 година.

За многу британски дипломати, Брегзит значи колапс на 70 години старата британска стратегија, на воспоставување на рамнотежа помеѓу европските интеграции и партнерството со Америка.