Свет 06. јуни 2018. / 21:58

Познатиот пејач е меѓу стотици гости фатен во пожар во Лондон

Познатиот пејач е меѓу стотици гости фатен во пожар во Лондон

Англискиот пејач Роби Вилијамс е меѓу стотици гости фатен во пожар во луксузниот хотел Мандарин Ориентал во центарот на Лондон, кој пред само неколку недели беше реновиран од 185 милиони фунти.

Околу 100 пожарникари учествуваа во гаснењето на пожарот. Пожарот е пријавен околу 16 часот по локално време. Улиците околу 12-катниот хотел се затворени, а на местото на настанот има возила за брза помош, како и 15 противпожарникарски возила. Во моментов пожарникарите го пребаруваат хотелот, во случај некој од гостите или персоналот да не останал по евакуацијата.

Засега не се знаат причините за пожарот, нуту има информации за евентуално настрадани лица.