Во 20-катна зграда во јужниот дел на Лондон денеска изби пожар, при што се евакуирани 180 лица.
Пожарот избил околу 4 часот утрово на тераса на 13 кат и многу брзо е ставен под контрола, пишува британски „Телеграф“.
Според пожарникар, системот за гаснење на пожар, кој се активирал, спречил голема штета, а таа служба примила речиси 17.000 дојави за тој пожар.
Во гаснењето учествувале 60 пожарникари, а на лице место дошле полиција и брза помош.
Весникот пишува дека пожарот се случил на годишнината од трагедијата во Гренфел кула, кога во пожар настрадаа 71 лице.