Свет 05. февруари 2019. / 10:52

Пожар во станбена зграда во Париз, голем број загинати

Пожар во станбена зграда во Париз, голем број загинати

Во пожарот кој ноќеска избувна во станбена зграда во Париз, според последните информации, загинале 8 луѓе, а најмалку 28 се повредени. Полицијата отвори истрага за пожарот.

Причините сѐ уште не се соопштени, но парискиот јавен обвинител, кој го посети местото на несреќата, објави дека една жена, која живеела во зградата е уапсена и оти е покрената истрага за можно подметнување на пожарот.