Свет 09. февруари 2019. / 18:28

Повеќе немаше прсти, врескаше од болка: Детали од страшните сцени во Париз каде фотограф остана без рака

Повеќе немаше прсти, врескаше од болка: Детали од страшните сцени во Париз каде фотограф остана без рака

На саботниот протест на Жолтите елеци пред Народното собрание во Париз на еден демонстрант му е откината десната рака и пожарникарите итно го префрлија во болница.

Евакуиран е со десната подлактица во дебели завои и причината за така тешката повреда засега официјално не е соопштена, но се шпекулира дека граната ГЛИ-Ф4 му ја повредила раката.

Еден од сведоците тврди дека настрадал од граната која полицијата ја користи за сузбивање на нередите и со кои се обидела да го пречи пробивањето на демонстрантите кон Народното собрание.

-Жртвата е фоторепортер и припадник на Жолтите елеци кој ги снимал демонстрантите, рече Сипријен Ројер.

-Полицијата фрли граната и фотографот ја прекри со раката за да не му експлодира на нога. Го наместивме на страна и повикавме итна помош, не изгледаше добро. Врескаше од болка, повеќе немаше прсти и поголем дел од рачниот зглоб, додаде тој.

Неколку судири меѓу полицијата, која употреби пендреци и бибер – спреј, и поддржувачите на Жолтите елеци избија на Елисејските полиња. Во еден момент полицајците ги опколија демонстрантите.

Повредениот маж итно е префрлен во болиниа. Гранатата со солзавец ГЛИ-Ф4 содржи експлозивно полнење од 25 грама ТНТ. Француската полиција ја користи од 2011 година.

Денешниот протест набрзо прерасна во судир на полицијата и демонстрантите. Пријавени се повеќе судири на Жолтите елеци и полицијата во кои е користен солзавец, а на социјалните мрежи кружат фотографии од крвавите демонстранти со коментари дека полицијата била исклучително брутална.